Најмалку 100 загинати во поплавите во Индија
Повеќе од 100 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови во индиските држави Утар Прадеш и Бихар, соопштија денеска локалните власти.
И во обете земји, железничкиот и патничкиот сообраќај се во прекин, а здравствените служби и училиштата не работат, додека снабдувањето со електрична енергија е отежнато, пренесува Би-Би-Си.
Најмалку 93 луѓе загинаа од четвртокот во Утар Прадеш, додека смртниот биланс во Бихар е 29 лица.
Владите на овие земји од индиските воздушни сили побараа хеликоптери и машини за дренажа на вода.
Најмалку четири лица загинаа по каснувањата од змија во поплавените области.
За време на сезоната на монсуни, што трае од јуни до крајот на септември, повеќе од 350 лица загинаа во Индија, Непал и Бангладеш.