Најлошата храна која може да ја одберете за вечера: Нутриционист ни објаснува дека брзо се дебелееме, а метаболизмот ни страда


Нутриционист открива која храна никогаш не треба да ја јадете навечер.

Тестенините се многу разновидни и на нив можеме да додадеме речиси сè, од зеленчук, месо, компири… Меѓутоа, доколку сакате да ослабете, тестенините не треба да ги внесувате во вашата исхрана. Вечерата има огромно влијание врз нашиот организам, а тестенините се храна која го забавува метаболизмот и ја зголемува отпорноста на инсулин.

Д-р Андреа Максим и диететичарот Триста Бест откриваат дека тестенините се убедливо најлошата храна за вечера. „Тестенините на база на пченица ќе го подигнат нивото на инсулин и ќе предизвикаат воспаление. Пченицата во тестенините е природно воспалителна и телото не ја вари добро. Воспалението доведува до надуеност, што може да предизвика задржување на водата. Густината на јаглени хидрати го зголемува инсулинот, што го зголемува шеќерот во крвта и предизвикува повеќе таложење маснотии“, објасни докторката.

Диететичарот советува да изберете тестенини направени од тврда пченица и житарки од цело зрно. По правило, интегралните житарки треба да бидат дел од нашето мени секој ден, а ова е одличен начин да го споите пријатното со многу корисното. Сепак, тоа не го менува фактот дека не треба да јадете за последниот оброк во денот.

Во една американска студија објавена во Metabolism, вообичаеното консумирање на рафинирани јаглехидрати, како што се рафинираните тестенини, е поврзано со зголемување на крвниот притисок. Високиот крвен притисок може да го стави вашето тело на ризик од развој на состојби како што се срцеви заболувања.