Најинтересното финале го освои Аргентина

Аргентина, по трет пат, светски шампион во фудбал


Конечниот резултат на финалето од Светското првенство во фудбал е 3 (4) : 3 (2) за Аргентина. 

Ако во првото полувреме сè изгледаше решено, финалето на Мундијалот во Катар да ѝ припадне на Аргентина, по 2:0 водство, ова финале, кои во многу нешта испиша историја, даде таква возбуда на навивачите ширум светот по многу нешта.

Пенал и регуларен гол од игра им обезбедија на Аргентинците водство од 2:0 на полувреме. И во следните минути од второто полувреме играта не наликуваше дека ќе има погодок на која и да е страна.

Но, пресврт се случи со доделениот пенал за Французите, каде Мбапе беше сигурен. Само неколку минути потоа Франција изедначи. Меси имаше речиси стопроцентна шанса, кога шутираше од блиската десна страна на голот, но попречен од двајца француски играчи кои му доаѓаа од левата страна, успеа да ја погоди само мрежата од надворешната страна. Неговата насмевка кажуваше сè, како да претпоставуваше дека казната ќе стигне.

До крајот на регуларните 90 минути и 8 минути продолжение, резултатот остана ист, што значеше продолженија од два пати по 15 минути.

Првите минути од продолженијата беа здодевни, без шанси на двете страни, но одеднаш играта се отвори, стана агресивна, а се делеа и жолти картони и имаше постојани прекини.

Сепак, среќата беше на страната на Аргентина, која прва постигна гол, а Франција изедначи со голот на Мбапе од пенал.

Мбапе беше рамноправен ривал на Меси, како негов клупси соиграч. Стана само втор играш кој постигнал хет-трик во финале на Светско првенство, но тоа не беше доволно за Франција да го одбрани насловот.

Уште неколку одлични шанси и многу агресивна игра, финалето во Катар стигна да се решава на пенали.

Првиот гол од пенал му успеа на Мбапе, но и Меси врати. Потоа, згрешија двајца играчи на Франција, на едниот му одбранија, а другиот го промарши голот.

Сепак, Аргентина беше сигурна, по Меси уште тројца погодија за конечни 2:4.

Насмевките на лицата на Аргентинците никој не може да ја симне, а се радуваа и многумина нивни подржувачи.

Аргентина досега има освено уште две титули светски шампион. Првата во 1978 година, а втората во 1986 година. До третата титула ги предводеше Меси, кој исто така го освои првиот и последниот голем трофеј кој му недостигаше.

Меси во финалето заби два гола, додека на првенството има седум погодоци и три асистенции.