Најголемиот ЈУ-заводник Фрањо Ласиќ по четврти пат татко


Србија/ Хрватска– Најпознатиот ЈУ-фраер и заводник, хрватскиот актер и пејач Фрањо Ласиќ (66) наскоро повторно ќе стане татко.

Како што пишуваат српските и хравтските медиуми, сопругата на Ласиќ, 30 години помладата Милена Матиќ (36), уметница од Белград, е во седмиот месец од бременоста. Уметничката двојка е во брак од 2015 година, а пред тоа беше во врска три години.

Бремената Милена вчера објави и фотографија на својот инстаграм-профил каде напиша:

„Инспирацијата доаѓа во деновите на бременоста.“

Ласиќ поради младата уметничка и понатаму живее на релација Хрватска-Србија, а во последно време се занимава и со хуманитарна работа.