Најголемата компанија за јаглен во светот се насочува кон соларна енергија
„Коал Индија“ (Coal India Ltd), најголемата рударска компанија за јаглен во светот, би можела да се зафати со производство на соларни плочки и сака „агресивно“ да учествува во аукциите за соларна енергија во земјата, изјави првиот човек на комопанијата за Ројтерс.
Прамод Агарвал вели дека заедно со државната НЛЦ Индија планираат да инвестираат околу 125 милијарди рупии (1,73 милијарди американски долари) во проекти за соларна енергија со капацитет од 3.000 мегавати, од кои „Коал Индија“ ќе инвестира околу 60 милијарди рупии до март 2024 година.
Во исто време, компанијата планира да продолжи да ги затвора малите рудници и да се држи настрана од отворање на оние што ќе повлечат масовно вработување, изјави Агарвал. Групацијата за три години затвори 82 рудници (до март 2020 година), што резултираше со намалување на нејзината работна сила од 18.600 вработени.
„Со јагленот како што е познато ќе изгубиме деловни активности во следните две, три децении. Соларната енергија полека ќе го преземе местото на јагленот како голем снабдувач на енергија во наредните години“, рече Агарвал во едно интервју.
„Ние само ги истражуваме можностите каде можеме да инвестираме во производство на соларни плочки, никој во моментов не го прави тоа во земјата“, рече тој.
Инаку, соларната или силицумска плочка е тенко парче кристален силициум (полупроводник), кој дејствува како подлога за микроекономски уреди за изработка на интегрирани кола во фотонапонски системи за производсство на соларни ќелии. Индија, која произведува соларни ќелии и модули, но не и плочки, планира да наплаќа царина за некои соларни уреди од април 2022 година, бидејќи се обидува да ги прошири локалните капацитети за производство.
Постојаниот пад на бројот на вработените во компанијата ќе доведе до големо намалување на трошоците. „Нето намалувањето на вработените е на ниво од 13.000 до 14.000 годишно“, вели тој.