Најголемата европска зелена зграда


Германија– Најголемата европска зелена зграда се наоѓа во Германија. На деловната зграда KII во центарот на Диселдорф растат повеќе од 30.000 растенија и дрвја габер. 

Зелената фасада на оваа зграда во Диселдорф апсорбира иста количина јаглен диоксид колку и 80 големи листопадни стебла и на тој начин помага во борбата против климатски промени.

Зелените површини стануваат реткост во големите урбани средини, па градежниците се почесто ги користат покривите на високите згради како погодни места за нив. (ДВ)