Најдобриот прелив за пецива по пекарски рецепт


Ви откриваме трик кој ќе и помогне на секоја домаќинка..

Ви даваме универзален прелив кој може да се користи за сите видови пити. Ставете го и во солени и во слатки пити од готови кори и ќе бидете воодушевени од резултатот. Рецепт за прелив:

Состојки:

1 сув квасец
2 чаши млеко
1 шолја масло
7 лажици брашно
сол или шеќер (во зависност од тоа дали правите слатка или солена пита)

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во сад, добро соединете ги. Секоја кора премачкајте ја прво со оваа смеса, па наполнете ја на вообичаен начин со филот подготвен по вашиот рецепт. Прелијте го остатокот од преливот врз готовата пита и оставете ја да отстои 1,5 час пред печењето. Кога ќе го испечете, ќе биде сочен и воздушен.