Најдени две исчезнати лица, уште по две се трага


Фото: Б. Грданоски

 

Полицијата јави дека успеала да пронајде двајца, кои од семејствата биле пријавени како исчезнати, а едновремено, пријавени се уште две исчезнати лица, по кои полицијата трага.

Имнео, во саботата од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“ е пронајден и предаден на фамилијата В.Ѓ.(68) од Скопје, за кој претходно во текот на денот е пријавено дека се оддалечил од домот.

Истиот ден, во 21.45 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, во с.Ѓидимирци, светиниколоско, на место викано „Карпи“, е пронајден И.С.(32) од Скопје, кој претходно од неговиот брат бил пријавен дека се оддалечил од домот.

Денеска пак, во СВР Скопје е пријавено дека од СОС Детско Село се оддалечил нивниот штитеник И.П.(16). Тој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал од домот и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во Полициска станица Чаир е пријавено дека од СОС Детско село – Радишани се оддалечила И.П.(16) од Скопје. Таа и претходно во повеќе наврати се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.