Најдена марихуана во возило во кое имало две малолетни лица


Во гостиварското село Топлица во попладневните часови на 17 април полициски службеници запрале автомобил марка „бе-ем-ве“ при што кај лицата кои биле во него била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, во возилото со гостиварски регистарски таблици, што го управувал 22-годишник, биле уште и 20-годишник и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од село Топлица.

Поради пронајдената дрога, четворицата биле уапсени и задржани во Полициската станица Гостивар.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.