Најден човечки труп во делчевско


Во средата околу 9.30 часот кај место викано „Чачарата“, атар на с.Очипала, делчевско,  од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево бил пронајден човечки труп.

Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за  судска  медицина во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.