Најцрн ден во Америка, починаа 1.592 пацинети


САД имаа 1.592 смртни случаи од корона вирус во еден ден, што е најцрн биланс во последните два ипол месеца.

Како што соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“, повеќе од 60.600 нови случаи се забележани во последните 24 часа.

Бројот на заразени повтроно скокна по два дена благ пад во бројот на инфицирани.

Повеќе од 149.000 луѓе починаа од Ковид-19 во САД, а повеќе од 4,3 милиони се заразени.