Најчевска: Со „Рекет“ ќе се исцрпи битката со неказнивоста


Професорката Мирјана Најчевска во отвореното студио на ТВ 24 истакна дека може да зборуваме за конечен резултат во случајот „Рекет“ доколку е докажана вината, нешто што таа не сакаше да го тврди бидејќи ја немаше видено целата пресуда. Според неа, сепак, под претпоставка дека вината е докажана, Катица Јанева требало да добие многу поголема казна одошто Јовановски.

„За мене најпроблематичнен е соодност на казните на Катица Јанева и Бојан Јовановски. Тој е обичен граѓанин, а Катица Јанева е човек кој бил поставен на клучна и моќна позициија во одбрана на правото. Таа не требало да го прекршува правото, од неа се очекувало да го спроведува правото и да не подлегне на искушенијата. И казната за неа требаше да биде различна. За Јанева казната требаше да биде поголема во однос на таа на Јовановски, зошто треба да се испрати порака до сите правододавателите дека грешките скапо се плаќаат“ – истакна Најчевска.

Таа смета дека овој случај не е дел од беспоштедната и систематска борба за неказнивост на високи функционери кои го прекршиле правото, туку поединечен случај со кој ќе се исцрпи истрагата на другите случаи. Несфатливо е како случајот беше брзо процесуиоран, а нема решение за другите случаји во кои биле вмешани други високи  функционери, како Јанкулоска, Мијалков, Камчев.