Најбогатото село во Хрватска: Сите селани поседуваат по еден мал крузер


Мештаните на малото приморско село Крила Јесенице, кое е лоцирано на половина пат од Омиш до Сплит, имаат вистинско богатство кое „лежи“ во море!

Имено, тие се сопственици на флота од дури 180 мини-крузери, пишува хрватски „Јутарњи лист“, и наведува дека практично секој во селото вреди околу половина милион евра.

Поновите крузери чинат повеќе од три милиони евра, а сите заедно би можеле да чинат дури повеќе од двесте и седумдесет милиони евра. Статистички, секој четврти жител на ова место поседува еден брод за крстарење (вклучувајќи ги и децата и нивните баби и дедовци).

Во реалноста, 70 семејства од ова мало селце се сопственици на бродови и имаат до 75 проценти од вкупната национална флота од овој тип бродови.

Секоја година во ова место се градат од 10 до 20 нови хотели.