Најбогатите руски претприемачи од почетокот на годината изгубиле речиси 20 милијарди долари
Вкупното богатство на најбогатите руски претприемачи е намалено од почетокот на годинава за 19,771 милијарди долари покажува анализата на Блумберговиот индекс на милијардери (ББИ).
На листата на ББИ се наоѓаат 18 руски државјани чие богатство на 1 септември изнесува 263,28 милијарди долари.
Индексот се пресметува врз основа на вредности на акции на компании во кои милијардерите имаат сопственички удел додека за некои компании проценката се заснова врз основа на пазарната капитализација и финансиската успешност или цените на акциите и профит од акции.
Според рангирањето, Михаил Прохоров забележа најголем пад на богатството – 6,45 милијарди долари на 10,1 милијарди долари. Богатството на претседателот на „Норилск Никел“, Владимир Потанин, се намали за 3,73 милијарди долари на 22,7 милијарди долари, додека Алишер Усманов, акционер во „Металоинвест“, најголемиот руски производител на железна руда, изгуби 2,92 милијарди долари, оставајќи го неговото богатство на проценети 16,3 милијарди долари. Богатството на ко-основачот на Телеграм, Павел Дуров (вклучен на руската листа на терористи и екстремисти на „Росфинмониторинг“) се намали за 2,56 милијарди долари на 11,8 милијарди долари.
„Блумберг“ го објавува индексот на милијардери на „Блумберг“ од март 2012 година. Тој ги следи богатствата на 500-те најбогати луѓе во светот.