Најбогатите и корона вирусот: Ќе се фатат ли за џеб?


Од најбогатите луѓе во светот се бара од итно да донираат дел од своето богатство за да ги помогнат глобалните напори за справување со пандемијата на коронавирусот и да им помогнат на милиони луѓе низ целиот свет чии животи се во криза поради ковид-19.

Некои милијардери – вклучително и основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и ко-основачот на Твитер, Џек Дорси, издвоија огромни суми  пари за да финансираат решенија за тековната криза.Но, другите преставници на богатата елита беа критикувани затоа што најавија  само мали донации, ако најавија  воопшто, за решавање на најлошата светска здравствена состојба, која е предвидено да предизвика економска криза како Големата депресија од 1930-тите.

Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и најбогатата личност во светот, донираше 100 милиони американски долари за добротворната организација „Feeding America“. Добротворната организација, која има мрежа од околу 200 банки за храна, рече дека донацијата на Безос е најголемата што ја добила досега  и  дека „безброј животи ќе бидат променети заради неговата дарежливост“.

Сепак, критичарите посочија дека донацијата од 100 милиони американски долари што ја даде Безос претставува помалку од 0,1 отсто од неговото богатство проценето на 123 милијарди американски долари. Амазон исто така даде 25 милиони американски долари во „Фонд за помош на Амазон“ за поддршка на неволји.

Фран Перин, ќерка на наследникот на супермаркети и филантроп, лорд Сенсбери, рече дека сега е време милијардерите како што е Безос „да започнат да му враќаат на општеството на најголем можен начин“.

„Зошто не сакате да дадете повеќе“, ги праша Перин другите богаташи.„Мислам дека тие што се во позиција да можат, треба да дадат колку можат повеќе. Мислам дека ова е совршено разумно “, порача таа.

Перин, која се обврза да го подари целото богатство на Сенсбери што го наследила, оваа недела најави дека ќе финансира итен фонд од 2,5 милиони фунти за да им помогне на луѓето кои се борат со економскиот пад.. Дополнителните пари се обезбедени преку нејзината добротворна организација Индиго Траст, на која таа веќе донираше 10 милиони фунти.

„Во моментов сме во национална криза на која добротворните организации и богатите лица треба веднаш да одговорат и да ја одиграат својата улога“, рече Перин. „Постои огромна, огромна потреба од средства за поддршка на луѓето и побарувачката само ќе расте. Ова е совршено невреме. Ова е можеби  најголемиот придонес што можете да го дадете на светот. Дајте си себеси подарок со тоа што ќе знаете дека сте сториле се што можевте “, додаде Перин.

Лук Хилдард, од Центарот за високи плаќања, рече дека сите донации треба да бидат добредојдени, но додаде: „Многу дарежливи индивидуални грантови можат да го заматат фактот дека, во целина, добротворните прилози на богатите луѓе се прилично минимални. Навистина, студиите покажуваат дека сиромашните луѓе донираат повеќе од богатите, како дел од нивниот приход .

Донатори:

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети 100 милиони американски долари за  откривање и развој на вакцини. Гејтс изјави дека е подготвен да потроши милијарди на подолг рок за развој и производство на вакцина

„Неколку милијарди во оваа ситуацијата во која се наоѓаме, каде има трилиони долари  загуби, вредат, порача Гејтс.

Џек Дорси најави дека ќе донира една милијарда американски долари за да финансира истражување на корона вирусот и за да помогне во „разоружување на оваа пандемија“. Тоа е речиси една третина од неговото богатство проценето на 3,6 милијарди долари. Дорси, кој беше коосновач на Твитер во 2006 година и коосновач на  компанијата за плаќања „Сквер“, донира една милијарда американски долари од  акциите во оваа компанија во добротворен фонд, за да го финансира глобалното олеснување на последиците од Ковид-19. Тој рече дека донацијата е околу  28 отсто од неговото богатство.

Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и најбогатата личност во светот, донираше 100 милиони американски долари за добротворната организација „Feeding America“.

Марк Цукерберг, основач на Фејсбук, даде 30 милиони американски долари на заедничкиот истражувачки проект на Фондацијата Гејтс и „Велком Траст“, за забрзување на истражувањата за третирање на ковид-19. Цукерберг има околу 67 милијарди долари богатство.

Џек Ма, сопственикот на „Алибаба“ и најбогатиот бизнисмен  во Кина, вети 100 милиони јуани (14,5 милиони американски долари) за „поддршка на развојот на вакцина против коронавирус“. Ма има богатство од 44 милијарди американски долари.

Ханс Раусинг, внук на шведскиот основач на Тетра Пак, донираше 16,5 милиони фунти за добротворни цели и други групи кои го поддржуваат националниот здравствен систем.

Џорџ Сорос, поранешен управник и филантроп на хеџ фондовите, мултимилијардер, вети 2 милиони евра за итна помош во Милано и во неговата родна Унгарија. „Роден сум во Будимпешта, среде Големата депресија“, рече Сорос.

Мадона донираше еден милион американски долари на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, за да помогне во создавање на вакцина.

Џорџ и Амал Клуни  дадоа еден милион американски долари (шест милиони фунти) за националниот здравствен систем, за  хуманитарни организации во регионот на Ломбардија во Италија и за либанските банки за храна.

Џорџ Армани, моден дизајнер, даде 1.250.000 евра за борба против епидемијата во Италија.

Ли Ка Шинг, најбогатиот човек во Сингапур, даде 13 милиони долари за медицинските лица во Вухан.

Мукеш Амбани, најбогатиот Индиец, даде 66 милиони долари за борба против корона вирусот. Неговото богатство се проценува на 39 милијарди долари , заработени од акциите во енергетскиот и телекомуникациски конгломерат „Релианс Индустри“.