Најбогатиот човек во светот, Бернар Арно, вчера изгубил над 10 милијарди долари од вредноста на акциите


Најбогатиот човек на светот, сопственикот на францускиот конгломерат „LVMH“, Бернар Арно изгубил 10,39 милијарди евра за еден ден, пишуваат медиумите во средата. Арно, наводно, ја изгубил таа сума во вторникот по значителниот пад на цените на акциите, пишува Хина.

Берзите во САД бележат пад, а загуби особено бележи секторот на луксузни производи.

Акциите на компанијата Луј Витон паднаа за 5 отсто, а на компанијата Керинг, сопственик на Гучи, за 2,97 отсто.

Пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузни производи во САД.

Бернард Арно и понатаму е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра.

Разликата меѓу него и вториот најбогат човек во светот, шефот на Тесла и Твитер, Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.