Најава од Виена: За проширување на ЕУ ќе се расправа на министерскиот состанок идната недела


Австриската министерка за европски прашања Каролине Едштадлер

Австриската министерка за европски прашања, Каролине Едштадлер, во денешното интервју за „Еурактив“ соопшти дека на министерскиот состанок на ЕУ следната недела ќе се расправа и за проширувањето на ЕУ. Таа потврди дека состанокот сосема сигурно ќе биде одржан како видео конференција.

„Ние се надеваме дека Европскиот совет на 26 март ќе биде во состојба да одлучи за почеток на преговорите“, изјави Едштадлер, иако според неа фокусот ќе биде заштита на здравјето на населението.