Најинтересните видео моменти од кампањата
Додека СДСМ и Левица се свртени кон тоа што се случува во моментов, кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е како да има за цел туристичка промоција на Македонија
Атмосферата во кампањата и кои беа главните пораки на партиите најдобро ги одразуваат спотовите и видеата што се вртеа деновиве. Од нив се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ се обраќа само на своите, дека СДСМ има многу материјал да напаѓа, Левица сее отров преку хумор, ЗНАМ живее во свој филм, а градоначалникот на Аеродром изминатите две и повеќе години порачува – дека граѓаните немаат време да чекаат уште четири години!

Додека СДСМ и Левица се свртени кон тоа што се случува во моментов, кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е како да има за цел туристичка промоција на Македонија, т.е. претерале со позитивата, со историјата и со географијата. Некои спотови влегуваат во сферите на фантазија, а еден, дочекот на Максим Димитриевски со пеењето на имињата од листата на кандидати на ЗНАМ, ќе влезе во историјата како најзабавно водење на политичка кампања. (Н.В.)