Наградниот фонд на „Вимблдон“ зголемен на 49 милиони долари


Наградниот фонд на „Вимблдон“ ќе биде 38 милиони фунти (49 милиони долари), објавија организаторите. Ова е зголемување од 11,8 отсто во споредба со претходната сезона.

Шампионите кај мажите и кај дамите ќе земат 2,35 милиони фунти, што е 100 илјади фунти повеќе од 2018 година.

Продолжува тенденцијата за зголемување на парите за тенисерите, кои рано отпаѓаат. Растот на надоместокот за оние кои го завршуваат турнирот во третиот круг е 10 отсто. Елиминација во првиот круг пак, ќе им обезбеди на играчите 45.000 фунти.

Пред две години, „Ју Ес Опен“ стана првиот тениски турнир чиј награден фонд надминува 50 милиони долари.

Од оваа година на „Вимблдон“ се воведува и тајбрејк, ако во решавачкиот сет се стигне до 12:12 во гемови.