Награди „Кенеди“: Сели Филд и Лиза Ронштад меѓу лауреатите


САД-  Центарот „Кенеди“ кој традиционално доделува награди за исклучителни достигнувања во уметноста и културата ги соопшти годинешните добитници на гала вечерта на 8 декември во Вашингтон.

Тоа се актерката Сели Филд, пејачката Линда Ронштад, креаторите на „Улицата Сезам“ ( прв пат на ТВ шоу се доделува наградата), групата „Земја, ветер и оган“ и на диригентот Мајкл Тилсон Томас.

Американскиот претседател Трамп и Меланија Трамп две години по ред не присуствуваат на гала-настанот.

Претседателот обично седи на истото место како и почесните и останатите гости. Повеќето американски претседатели присуствуваа на оваа церемонија и во минатото, но не е преседан и да не се појави претседателот. Претседателите Џими Картер и Бил Клинтон ги пропуштиле церемониите за време на нивните мандати, но во сите случаи присуствувале првите дами.