Награди „Кенеди“: Џорџ Клуни, Гледис Најт и „Ју-Ту“ меѓу лауреатите


САД- Центарот Кенеди објави нова класа лауреати. Актерот, режисер, продуцент и активист за човекови права Џорџ Клуни, револуционерната композиторка и диригентка Тања Леон,  современата христијанска пејачка Ејми Грант, поп-дивата Гледис Најт и легендарниот ирски бенд „Ју-Ту“  беа почестени на церемонијата во Вашингтон. 

Центарот секоја година почестува личности за нивните уметнички влијанија врз американската култура. Предвидено е да присуствуваат претседателот Џо Бајден, потпретседателката Камала Харис и нивните сопружници.

 Лански лауреати беа пејачот и текстописец Џони Мичел, основачот на Motown Records, Бери Горди, креаторот на Saturday Night Live, Лорн Михаелс, актерката и пејачка Бет Мидлер и бас-баритонот Џастино Диаз. (АП)