Наезда на огромни полжави во центарот на Москва


Полжави со големина до 15 сантиметри предизвикаа паника во центарот на Москва, во Русија, што е последно во низата места, каде овие полжави се појавија низ Европа, а дојдоа од Шпанија.

Полжавите од видот Арион вулгарис се огромни во споредба со оние кои ги познаваме и се големи штетници. Европските портали за следење разни животински видови „Дејзи“ овој вид полжави го сместија меѓу најинвазивните штетници во Европа.

Руските медиуми пренесоа реакции на бројни межтани на руската престолнина кои биле ужаснати од појавата на огромните полжави.

„Јадат многу и тешко е да се уништат. Многу брзо се размножуваат“, вели московјанката Абдула Ташибеков.

Овие полжави не само што брзо јадат билки, туку може да шират и паразити и срви кои може да им наштетат на куќните миленици.

Полжавите се со потекло од Иберискиот полуостров и во 1956 година прв пат се забележани во Франција, по што брзо се проширија низ Европа.

Стручњаците веруваат дека со продажба на билки ширум Европа пренесени се јајца од овој вид полжав.