Надежта се крие во секој од нас (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Вечерва на полноќ надежта ќе го гушне стравот. Календарски ќе и кажеме збогум на 2020, а симболично ќе ѝ посакаме добредојде на новата 2021 година. Секоја година, токму на 31 декември се радувавме на дочекот на Новата,  а сега во нашите мисли сакаме што побрзо да ја испратиме 2020, една од најтешките во цел свет.

Фото: Б. Грданоски

На залезот од оваа тешка година, лошите работи ќе ги премолчиме, а добрите ќе ги повториме, со цел да ги пренесеме во новата, се уште непозната 2021.

Фото: Б. Грданоски

Елката на скопскиот плоштад или во домашен амбиент, оваа вечер ќе биде богато украсената дама околу која ќе се вртиме, ќе ги редиме подароците, ќе си честитаме на полноќ и ќе си посакаме многу желби, мали или големи, остварливи или неостварливи, ама на прво место здравје, на најблиските но и на целата заедница.   

Фото: Б. Грданоски

Само еден поглед на елката и веќе се чувствуваме поубаво, една година помлади, а не постари, го чувствуваме мирисот на празниците, на цимет, на печени или варени костени, на греано вино или на топол чај.

Фото: Б. Грданоски

Фотогалеријата на нашиот фотограф ја раскажува новогодишната приказна на Скопје еден час пред полноќ.

Среќна нова 2021!

Фото: Б.Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски