Надал за мечевите без гледачи: Не ми се допаѓа, ништо не може да ја замени енергијата што ја создава публиката

Ќе биде многу тешка работа да се врати кондицијата и ќе ви треба многу дисциплина и многу страдање, вели светскиот рекет број 2 (Фото: Ројтерс)

Шпанија– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се произнесе за условите под кои ќе се игра Грен слемот „Ролан Гарос“ оваа есен.

– Денес мора да преземеме мерки на претпазливост и да сториме сé за да ја обезбедиме безбедноста и здравјето на целата тениска заедница. Мислам дека за иднината, не од гледна точка на тенисот, туку од гледна точка на медицината и строго почитување на санитарните стандарди во ред е да нема публика. Во фудбалот, оваа практика е веќе воведена, но не сакам да гледам натпревари без гледачи. Без навивачите, сè е различно и ништо не може да ја замени енергијата што ја создаваат тие, изјави Надал.

Шпанецот е 19-кратен освојувач на Грен-слем турнирите.