Надал по еден месец пауза ќе настапи на турнирот во Вашингтон


САД– Третиот светски рекет, Рафа Надал, ќе се врати на теренот за прв пат по повеќе од еден месец на „Сити опен“ во Вашингтон, соопштија денес организаторите , бидејќи Шпанецот сака да го стави зад себе поразот во полуфиналето на Ролан Гарос во Франција од Новак Ѓоковиќ.

Надал последен пат играше на Ролан Гарос, каде што претрпе пораз од светскиот рекет бр. еден Ѓоковиќ на 11 јуни. Надал има освоено рекордни 13 титули на Ролан Гарос.

35-годишниот тенисер подоцна објави дека се повлекува од Вимблдон и Олимписките игри во Токио, велејќи дека ја донел одлуката по консултации со неговиот тим во обид да ја продолжи својата кариера.

„Со нетрпение чекам да играм повторно и Вашингтон ќе биде најдобриот почеток за американскиот летен замав“, рече Надал.

Надал ќе игра на турнирот кој почнува на 31 јули и ќе трае до 8 август. За прв пат на турнирот  ќе му се придружат Канаѓанецот Денис Шаповалов, Австралиецот Алекс де Минаур и други. (Ројтерс)