Надал не го покани Ѓоковиќ на свадба, но заедно ќе бидат на медениот месец

Рафаел Надал денеска се жени со својата долгогодишна девојка Мери Перелјо, позната под прекарот Чиска, и не го покани својот ривал Новак Ѓоковиќ на свадбата на островот Мајорка, но за пет дена, тие на хуманитарен дуел ќе играат eден против друг.

Само пет дена по венчавката, Рафа мора да отпатува во далечниот Казахстан, каде ќе одигра еден егзибициски меч против најдобриот на светот. На 4 ноември, Надал ќе избие на прво место на АТП листата, Ѓоковиќ ќе падне на второ, но секако тие двајца се најдобрите тенисери на светот во моментов.

Освен тоа што ќе одиграат една партија тенис, Рафа и Новак ќе треба да им држат предавање и часови по тенис на млади талентирани тенисери од Казахстан. Надал во Казахстан последен пат играше во 2014 година.