Надал и Федерер му го честитаа трофејот на Ѓоковиќ: Неверојатно достигнување, целосно заслужено


Австралија – „Вечните ривали“ Рафаел Надал и Роџер Федерер денеска му честитаа на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за освоената 10-та титула на Австралија Опен.

„Неверојатно достигнување. Честитки за вас и вашиот тим. Заслужено, уживајте во Ноле“, напиша Надал на својот Инстаграм профил.

„Неверојатен напор, повторно! Многу честитки до тебе“, напиша Федерер. 

Ѓоковиќ вчера по 10-ти пат во кариерата го освои Австралија опен, откако во финалето во Мелбурн го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (7:4), 7:6 (7:5).

Српскиот тенисер со триумфот во Мелбурн стигна до својот 22. Грен слем трофеј, колку што има и Надал.

Ѓоковиќ од денеска и официјално го презеде првото место на АТП листата.

Надал испадна од првата „5“ . Тој од второто падна на шестото место, откако не ги одбрани бодовите на Австралија опен поради раната елиминација. Надал загуби 1955 бода и сега има 3815.

Федерер по пензионирањето лани од тенисот ужива во скијањето и во гала-настани.