Надал и Алкараз еден против друг на егзибициски турнир во Лас Вегас


САД – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите очекувања за ревијалниот турнир во Лас Вегас на кој ќе игра со сонародникот Карлос Алкараз.

– Многу сум среќен поради мојата прва посета на Лас Вегас, еден од најживописните градови во светот. Ќе играм со сонародникот Карлос Алкараз, кој имаше неверојатна година. Ќе биде одлична тениска вечер, рече Надал.

Дуелот со нетрпение го очекува и Алкараз.

– За мене е голема чест да играм на истиот терен со Рафа во Лас Вегас. Тој е ненадминат мајстор, неговите награди и достигнувања зборуваат сами за себе. Тој е и еден од најпријатните тенисери на турнејата и со нетрпение го очекувам нашиот натпревар, додаде Алкараз.

Натпреварот меѓу шпанските тенисери ќе се одигра на 5 март 2023 година.