Надал ги почна подготовките за 2024


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги почна денеска во Мајорка подготовките за следната, 2024 година, која ќе му биде последна во професионалната кариера.

Првично, 37-годишниот Надал се надеваше дека би можел да се врати на теренот кон крајот на оваа година, на натпреварите во Дејвис купот, но подоцна го одложи враќањето за 2024 која најави дека ќе му биде последна во кариерата.

„На почетокот напорно ќе работи на физички план, бидејќи засега, според препораките на докторите, сè уште не може да игра тенис. За еден месец или можеби нешто повеќе можеби ќе го земе рекетот во рацете“, најави Тони Надал, долгогодишниот тренер на освојувачот на 22. грен – слем титули.

Својот последен натпревар Надал го одигра на почетокот на оваа година, на Австралија опен.