Надал: Доаѓањето на Ѓоковиќ во Австралија е добро за тенисот и за навивачите


Австралија – Светскиот рекет број два, Рафаел Надал денеска изјави дека доаѓањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија е добро за тенисот и за навивачите.

Новак е тука, добро е за тенис, веројатно добро и за навивачите“, изјави Надал пред почетокот на Купот на Јунајтед во Сиднеј.

Во вторникот Ѓоковиќ пристигна во Аделаида во пресрет на првиот турнир годинава, кој ќе му послужи како подготовка за настап на Австралија опен.

За петтиот играч во светот, ова е прво доаѓање во Австралија откако беше депортиран на почетокот на годината, бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот, кој беше задолжителен за влез во таа земја.

Надал моментално го држи рекордот со 22 победи на Грен слем турнирите, а Ѓоковиќ би се израмнил со шпанскиот играч доколку ја освои 10-тата титула на Австралија Опен. Грен слем турнирот во Мелбурн започнува на 16 јануари, пренесува Бета.

Шпанскиот тенисер додаде дека не верува дека годинешниот настап на турнирот во Мелбурн ќе биде последен во неговата кариера.

„Мислам дека ова нема да ми биде последен пат. Среќен сум што го правам тоа што го работам. Би сакал да го продолжам. Но, на 36 години никогаш не се знае кога ќе биде последен пат“, изјави двократниот победник на Австралија Опен.

За разлика од Ѓоковиќ, Надал ќе ја започне годината со Купот на Јунајтед, турнир кој го заменува поранешниот Хопман куп.