Над еден милион луѓе погодени од поплавите во Источна Африка
Повеќе од еден милион луѓе во источниот дел на Африка се погодени од поплавите предизвикани од обилните дождови, соопшти Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ).
Делови од Источна Африка се справуваат со тропската бура Киар, која би можела да ја влоши и онака тешката хуманитарна ситуација.
ИРЦ наведе дека голем број на луѓе се уште се справуваат со последиците од претходниот сушен период.
Во поплавите во Сомалија загинаа неколку лица, раселени се над 180.000 луѓе, а уништени се и посевите, соопшти хуманитарната група Акција против гладот.
Во следните четири до шест недели се очекуваат дождови во делови од Сомалија, Јужен Судан и Кенија.
Експертите истакнаа дека поплавите се загрижувачки знак дека климатските промени влијаат на ранливите заедници.