Над 95 проценти од починатите од корона вирусот имале над 60 години


Повеќе од 95 проценти од починатите од последици од новиот коронавирус во Европа имале над 60 години, но погрешен е ставот дека со Ковид-19 се заразуваат само повозрасните лица, изјави денеска директорот на канцеларијата на Светска здравствена организација во Европа, д-р Ханс Клуге.

Тој додаде дека годините не претставуваат единствен ризик за заболување.

– Самата идеја дека Ковид-19 ги погодува само повозрасните луѓе всушност е погрешна. Младите луѓе не се непобедливи, посочи Клуге на онлајн прес-конференција во Копенхаген.

Тој додаде дека 95 проценти од заразените со Ковид-19 се постари од 60 години, а повеќе од 80 отсто од починатите имале над 80 години, кои имале и други болести, како кардиоваскуларни проблеми, хипертензија или дијабетис.

– Тешки случаи на болеста има и кај тинејџери или над 20 години, на многумина им е потребна интензивна нега, а некои, за жал починаа, наведе Клуге.

СЗО претходно соопшти и дека од 10 до 15 проценти од инфицираните луѓето се помлади од 50 години.

Во светот досега се регистрирани 950.708 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 48.311, а оздравеле 202.826 луѓе.