Над 79 милиони луѓе во светот се заразиле со корона вирусот


Бројот на луѓе заразени со коронавирусот утрово надмина 79 милиони, покажуваат податоците објавени на интернет страницата worldmeters.info.

До сега има вкупно 1,73 милиони смртни случаи од Ковид-19.

Низ целиот свет им 21,5 милиони активни случаи, додека 106.000 луѓе се во тешка состојба.

Најголем број  заразени има во САД – речиси 19 милиони, Индија е втора со 10 милиони, а Бразил е трет со 7,3 милиони заразени луѓе.