Над 3,8 милиони евра донирани во солидарниот фонд за борба со коронавирусот


Фото: Б. Грданоски

Поединци, компании и институции во изминатиот период, заклучно со денеска,  во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот донираа повеќе 3.882.290 евра, соопшти премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по повод 20 Декември – Меѓународниот ден на човечката солидарност. 

– Завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава. Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од човештвото – солидарноста. Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Гест, насмевка, помош да се испазари за оние кои се во изолација, донација, кој колку може. Верувам дека и себе и на останатите им покажавме што значи солидарност на дело. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина. Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните. Секој од нас треба да се посвети за да ја надминеме нееднаквоста. Да си подадеме рака како луѓе, како комшии, како пријатели, напиша премиерот.

Во објавата на Заев на неговиот фејсбук-профил е наведен и линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот: