Над 360 заразени во американскиот Стејт Департмент


Во американскиот Стејт департмент се регистрирани 368 случаи на коронавирус (КОВИД-19) во мисиите и дома, од кои најмалку четири смртни случаи, изјави за новинарите  директорот за операции Вилијам Волтерс.

„Следиме 297 случаи на заболени во странство, од кои 182 активни а 115 оздравени, но имаме три смртни случаи во странство, сите меѓу локалниот персонал“, рече Волтерс за време на брифингот во вторникот. „ Од домашните случаи  71 се актуелно заболени а 67 излечени“. додаде тој.Еден од домашните пациенти – државен службеник во Вашингтон, подлегна на оваа болест.

Стејт департментот е зафатен со репатријација на американски државјани заробени во странство поради пандемијата. Според Јан Браунли, главен заменик помошник секретар во Бирото за конзуларни работи, скоро 62.000 американски граѓани се вратени преку повеќе од 560 летови.

Американските дипломати проценуваат дека околу 15.000 Американци сè уште имаат некаков интерес да се вратат дома.

Досега во САД се регистрирани повеќе од 598.600 случаи на КОВИД-19, при што умреа  над 25.100 лица, покажува најновата проценка на универзитетот Џон Хопкинс.