Над 35 илјади туристи во февруари во земјава


Фото: Б. Грданоски

Државниот завод за статистика денеска објави дека во февруари бројот на туристи во земјава изнесувал 35.642 од кои 53,1 процент биле странски и 46,9 проценти домашни туристи.

Реализирани се вкупно 76.536 ноќевања од кои 54,1 процент од странски  и 45,9 проценти од домашни туристи.

Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период лани, се забележува зголемување на бројот на туристи за 34,7 проценти и зголемување на бројот на ноќевања за 30, 9 проценти.