Над 200 вработени во белоруската радиотелевизија се во штрајк

Вработените во белоруската национална државна Радио Телевизија тврдат дека повеќе од 200 луѓе веќе учествуват во штрајкот, пренесува ТАСС.

-Над 200 луѓе веќе им се придружија на нашите барања. Тие штрајкуваат на своите работни места, рече еден од штрајкувачите, што беше потврдено и од дриги негови колеги.

Според нив, раководството на телевизиската и радиодифузната компанија не го поддржува штрајкот.

Претходно, белорускиот министер за информации Игор Луцки изјави дека државната телевизија на Белорусија работи нормално. Изјавата ја даде по информациите дека белоруската државна телевизија се приклучила на генералниот штрајк организиран за поддршка на демонстрантите.

Во исто време, вработените во компанијата „Белтелерадио“ тврдат дека во тек е штрајк и дека телевизијата Белорусија-1 во моментот емитува стара програма.