Над 111.000 граѓани се пријавиле за вакцини


Можно е од сите вакцини што се развиваат ниедна да не профункционира

 Вакцина против Ковид-19 примиле 1.677 здравствени работници, информираа од Министерството за здравство.Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација се пријавиле 67.700 граѓани, а 43.789 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.