Над 100 прегледи на деца за едно дежурство во болницата „Козле“
Приливот на пациенти во детската болница „Козле“ енормно расте. Над 100 е бројката на деца кои доаѓаат на преглед само на дежурство, а во абота и недела бројот е зголемен. Номнетално во болницата лежат 86 мајки и деца заедно, од кои само едно дете е заразено од Ковид.
Кашлање, пораст на температура, секреција од нос, се симптомите со кои најчесто доаѓаат децата во болницата во Козле. Во вечерните часови се активираат ларингити, сува кашлица во народот позната како „кучешко лаење.“ Кашлицата почнува обично кај 23 часот, па до раните утрински часови- објаснува д-р Драган Дачевски ,педијатар.
„Доминира сега пневмонија кај децата. Кај оние помалите по година година и пол бронхолитите има опција и на пронхоспаза и воспаленије на самите дишни патишта“, вели Дачевски. Според него причина е поголемото дружење на родителите и на деца.