Националните установи од културата до 1 август ќе испраќаат предлог- програми за следната година


Фото: Б. Грданоски

Олеснувања за културните установи. Пролонгиран е рокот за доставување нацрт – годишните програми.

На 71 седница, Владата донесе Уредба со законска сила, за примена на Законот за култура за време на вонредна состојба, со цел, наместо рокот за донесување на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата за 2021 година да биде до крајот на јуни, тој се пролонгира до 1 август, оваа година.

До сега, согласно членот 70 од Законот за културата, националните установи во jуни, тековната година, доставуваа нацрт- годишни програми за работа до Министерството за култура. Во нацрт-програмите на установите, се изразени средствата потребни за: програмски активности, оперативни трошоци, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници, кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, како и материјални трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.