Националниот џез оркестар со најубавите поп и рок класици во Филхармонија
На 30 ноември, сабота во 20 часот, во салата на Македонската филхармонија во Скопје Националниот џез оркестар ќе го одржи концертот „Golden Rock Swings”. Ексклузивни гости на концертот ќе бидат Бранислав Николов од Фолтин, џез вокалот Џон Илија Апелгрен и Светлана Јовановска.
Светлана Јовановска како изведувач на денешниот прес информира дека сите тројца изведувачи на концертот ќе настапат со по четири познати хитови, кои публиката ги знае и во кои ќе уживаат на концертот, но овојпат во едно ново поинакво светло и дека ќе им се допаднат.
Како што информира Џон Илија Апелгрен станува збор за албумот на Пол Енка „Rock swings“со хитови од 80 години и 90 години рок и поп хитови меѓу кои се хитови на Spandau Ballet, Ерик Клептон, Ван Хален.
-Аранжманите се прекрасни, а сите кои ќе присуствуваат на концертот ќе уживаат во звучната слика, порача Апелгрен.
Како што информираат од Националниот Џез оркестар, тие на овој концерт ќе ги претстават легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани.
Воедно порачаа дека оваа саботна вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која публиката ќе ја остави без здив.
-Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на „Golden Rock Swings” и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување, порачаа од Националниот Џез оркестар.
Билетите за концертот се веќе во продажба и може да се набават на: https://mktickets.mk/event/golden-rock-swings/ и на продажните места на MKТикетс.