Началникот на грчката полиција си поднесе оставка


По барање на министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис началникот на грчката полиција Аристидис Андрикопулос си поднсе оставка, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во земја во која владее правото нема место за партиски интереси во ниедна област од јавната администрација. Уште повеќе во службите за безбедност на земјата. Побарав и ја добив оставката на раководството на грчката полиција, изјави Хрисохоидис.

Началникот на грчката полиција во изминатиот период беше во фокусот на јавноста во Грција, откако медиумите објавија фотографии според кои тој присуствувал на предизборни митинзи на СИРИЗА.

Последната фотографија е од централниот митинг на СИРИЗА на Синтагма пред европските избори во мај годинава на која Андррикопулос е заедно со министри од тогашната влада.