На13 ноември во ВИП Арена: Брајан Адамс со концерт во Скопје


По Лени Кравиц, Стинг и Ерос Рамацоти (на 30 септември) во Скопје доаѓа еден од најголемите музичари на светот –Брајан Адамс.

На концертот на 13 ноември, во ВИП „Арената“ за прв пат во живо ќе се слушнат хитовите „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

Адамс (59) доаѓа во Скопје во рамки на големата светска турнеја „Осветли светлина“ (Shine a light), наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни во 9 часот наутро, известува организаторот „Авалон“.