На Вајнштајн одземено британското признание за придонес во филмската индустрија


Велика Британија му го одзеде признанието на продуцентот Харви Ванштајн за придонес во британската филмска индустрија, што го доби во 2004 година.

Поранешниот холивудски продуцент во март е осуден на 23 години затвор поради силување и сексуално вознемирување на две жени.

Тој карерата ја заврш во 2017 година откако неколку десетици жени од движењето „МиТу“ (MeToo) го обвинија дека сексуално ги вознемирувал ветувајќи им за возврат кариера.

Движењето е глобално и бара моќните мажи да одговараат за своите сексуални престапи.