На УКИМ промовирани доктори од медицинските и економски науки и фармацијата


Во просториите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска се одржа промоција на 21 доктори на науката од областа на медицинските науки и здравството, економските науки и фармацијата.

Промоција на овие доктори, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Економскиот факултет и Фармацевтскиот факултет во Скопје, одржа ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје,  проф. д-р Никола Јанкуловски.

 

Во доктори на наука беа промовирани Ана Филипче, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на психијатријата, Александар Савески, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на ортопедијата, Наташа Павлоска, доктор на науки по јавно здравство, Бранка Петровска Басовска, доктор на медицински науки – базична медицина од областа на микробиологијата, Силвана Кралева, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на анестезиологијата, Славчо Ивановски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата, Миле Тантуровски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушетството, Ирина Богданова, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на офталмологијата, Сотир Николовски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушетството, Емилија Николовска Трпчевска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гастроентерохепатологијата.

 

Исто така, беа промовирани и Емилија Стојанова Ивановска, Катерина Бошевска, Кирил Миноски, Александра Наќева Ружин, Томислав Шалваринов, Анита Блажеска, Христина Танеска и Тодорче Коцев – сите доктори по економски науки, како и кандидатите Марија Станинова Стојовска, Донка Панков и Ана Панајотис Вавлукис – доктори на фармацевтски науки.