На Твитер му се закануваат нови тужби, со месеци не им плаќале на компаниите што си ја вршеле работата


Твитер  се соочува со уште една тужба откако компанијата беше обвинета дека не платила за услуги за работа во канцеларии во Лондон, Даблин, Сиднеј и Сингапур.

Инфраструктурната компанија со седиште во Сиднеј, Facilitate, бара заедничка исплата на повеќе од  милион австралиски долари, или 666.000 долари, поради долгови кои датираат од октомври минатата година, кога Илон Маск го купи Твитер.

Facilitate ја обезбеди инсталацијата на сензорти во Лондон и во Даблин и опремувањето на канцелариите на Твитер во Сиднеј и привремено складираше содржина од неа, стои во документите за случајот до кои дојде Гардијан.

Една во низата тужби

Случајот беше поднесен во Окружниот суд на САД во Северна Калифорнија кон крајот на јуни. Од компанијата велат дека откако Маск го презел Твитер, социјалната мрежа не ги оспорила фактурите, туку едноставно не ги платила. Facilitate бара компензација за штетите и трошоците.

Твитер допрва треба да поднесе одбрана, а оваа тужба е само една од серијата со која компанијата се соочи откако Маск ја презеде функцијата. „Твитер престана да плаќа кирија за некои свои канцеларии и неколку добавувачи. Твитер, исто така, откажа многу договори и престана да им плаќа на луѓето на кои им должи пари“, наведува компанијата во тужбата.

Поради масовните отпуштања на Твитер по преземањето на Маск кон крајот на минатата година, компанијата повеќе нема оддел за односи со јавноста. Барањето за коментар за случајот испратено на поранешната е-адреса од Гардијан доби емотикон „измет“ како автоматизиран одговор.