На триесетина локации во Скопје ќе има садови за кабаст отпад


По повод Светскиот ден на чистењето, 21 септември, ЈП „Комунална хигиена“- Скопје и Градот Скопје организираат масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини. Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост, соопшти „Комунална хигиена“.

Како што информираат од претпријатието, во периодот од 21 до 24 септември, во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.

Садовите за одлагање кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации:
Во Општина Чаир: раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ, раскрсницата меѓу улиците Џон Кенеди и Дижонска, ул. Ресенска, до ресторанот Фа-Фа;

во Општина Аеродром: бул. Февруарски поход, во близина на супер маркетот „Рамстор“, во близина на автобуската постројка на последна 5-ка, бул. АВНОЈ број 68 – 74 во непосредна близина на маркетот М, нас. Лисиче, ул. Димитар Туриманџоски, по полициската станица;

во Општина Шуто Оризари: во близина на Жито Лукс, спојот меѓу ул. Брсјачка буна и ул. Нов живот, кај Спортската сала, спојот меѓу ул. Нов живот и Гвадалахара, во близина на автобуската постројка на последна 19-ка;

во Општина Гази Баба: нас. Автокоманда, ул. Лазар Поп Трајков (пред напуштениот објект на Центро), ул. Маџари, кај ресторан Далија, населба Железара, кај автобуската постројка на последна 16;

во Општина Бутел: ул. Груица Војвода (зад кино Бутел), сквер на ул. Хо Ши Мин и ул. Рудо, Бутел 1, кај спортската сала Иван Хаџи Николов во Радишани;

во Општина Кисела Вода: ул. Ратко Митровиќ, до Спортската сала, раскрсница на ул. Христо Татарчев и ул. Дебарска, кај Гет кафе, Парк Пушкин, во

Општина Центар: спроти Вучко на аголот на улиците Костурски херои и Ул. Борка Талевски, кај кружен тек во Дебар маало на Ул. Наум Наумовски Борче, кај Зелен пазар, на паркингот зад Макпетрол, до подземните контејнери; во општина Карпош: ул. „Брадфордска“, во близина на ресторанот „Македонска куќа“, во Козле; ул. „Женевска“, кај автобуската постројка на последна „24“, во Тафталиџе 2; ул. „Ванчо Мицков“ бр.50, кај постоечките контејнери на ЈП Комунална хигиена – Скопје,

во Општина Ѓорче Петров: ул.Даме Груев, десно по Ромското маало, нас. Хром, ул. Воин Д., до спортското игралиште, нас.Дексион, кај автобуската постројка на последна 5-ка

во Општина Сарај на патот за Грчец, кај Халк Банка и с.Кондово, кај Фурната