На Токсикологија хоспитализирани девет лица од пожарот во Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Девет пациенти се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија поради труење од чад во пожарот што попладнево избувна во Кисела Вода и се во добра општа состојба, информираше Министерството за здравство.

– Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад, соопшти Министерствотото.