На Табановце за влез и излез од земјата се чека околу еден час


На граничниот премин Табановце попладнево за влез и излез од земјата се чека околу еден час, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.