На Табановце се чека до 40 минути, на другите гранични премини нема задржувања


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека  до 40 минути, а на другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.